Спасов бара предметот со џипот да биде преземен од СЈО

Спасов бара предметот со џипот да биде преземен од СЈО

2692
СПОДЕЛИ

dime-spasov111

Дополнителниот заменик министер за труд и социјала Диме Спасов ги објасни причините за инцидентот во кој учествуваше и побара неговиот предмет да биде преземен од Специјалното јавно обвинителство.

„Не можев повеќе да издржам да гледам како моите партиски другари и другарки секој ден се повикуваат на распити и рочишта поради СЈО. Многу бев исфрустриран што од целото раководство само јас никогаш не бев повикан во СЈО. Затоа барам СЈО да го преземе мојот случај.“ објави Спасов на својот фејсбук профил.