СГС ќе го обезбедува Кривичен суд за да не се повторат тепачките...

СГС ќе го обезбедува Кривичен суд за да не се повторат тепачките меѓу судиите

1906
СПОДЕЛИ

oos

Откако денес се случи физичка пресметка помеѓу вработените во Кривичниот суд, од Основниот суд Скопје 1 информираа дека во најкус можен рок ќе обезбеди дополнително обезбедување на судската зграда и вработените во судот.

Како што дознаваме покрај судската полиција обезбедувањето ќе биде засилено и со челнови на агенцијата за обезбедување СГС со цел да не се повторат денешните немили настани.

Покрај физичкото обезбедување Судот веќе издал наредба за трајно фиксирање на канцеларискиот мебел како што се бироа, шкафови и полици за тие да не можат да се искористат како оружје или закана против безбедноста.