Проблемите со мобилните услуги отсега можат да се пријавуваат и во УБК

Проблемите со мобилните услуги отсега можат да се пријавуваат и во УБК

1400
СПОДЕЛИ

prisluskivanje

Огромен број на граѓани масовно се јавуваат во Управата за безбедност и контраразознавање за да пријават проблеми со мобилните мрежи.

Откако се дозна дека опремата на мобилните оператори се наоѓа во УБК, граѓаните своите приговори за квалитетот на услугите почнаа да ги доставуваат на адреса на Управата.

Причината за ваквиот потег е тоа што граѓаните веруваат дека токму вработените во УБК се оние кои најбрзо и најефикасно ќе ги решат проблемите, бидејќи клучната опрема на мобилните оператори е токму кај нив.

Од УБК велат дека се задоволни од заинтересираноста на граѓаните и најавија дека наскоро ќе отворат и бесплатна телефонска линија за побрзо решавање на проблемите.