Новинари од Македонија и од Белорусија ќе прават здружение “Репортери со граници”

20140506-130710.jpg

Новинари од меинстрим медиумите во Македонија и во Белорусија револтирани од извештаите на меѓународната организација “Репортери без граници” ќе прават контраздружение “Репортери со граници”. Целта на здружението е да се пишуваат извештаи кои ќе бидат многу пообјективни и авторизирани од владите за да не се доведуваат новинарите во неоријатни конфронтации со своите власти.

– Мораме да се спротивставиме на надворешната пропаганда која се повеќе зема замав а ја предводат разноразни неѓународни организации и организации под контрола на Сорос. Целта е таканаречени независни новинари да ги преземат нашите медиуми. Но, нашето контраздржение ќе ги разобличи овие обиди – велат добро упатени новинари од иницијативниот одбор.

Коментари

коментари