Денес е Ден на ВМРО празник тежок неколку милијарди евра, еве што...

Денес е Ден на ВМРО празник тежок неколку милијарди евра, еве што се прави на овој ден

1148
СПОДЕЛИ

kama

Денес е ден на ВМРО или во народот познат како „оној продужен викенд у октомври“. Станува збор за тежок празник, чија што тежина е проценета на неколку милијарди евра.

Главен обичај на овој ден е почитувачите на празникот да ги прислушуваат непријателите но и своите блиски соработници, за постојано да се зближуваат. Луѓето кои го празнуваат овој ден се отпоздравуваат со поздравот „Викај ВМРО“ а во вечерните часови се собираат во своите домови и со своите семесјтва групно ги гледаат настапите на поранешниот премиер Груевски.