Четири бизниси кои можат да се вселат во книжарницата Табернакул

Четири бизниси кои можат да се вселат во книжарницата Табернакул

1040
СПОДЕЛИ

tabernakul

Секое време е тешко за издавачите (освен ако не издавате партиски програми, билтени или државни тајни) па ниту сегашноста не е исклучок. Од друга страна денес во Скопје е ѓаволски тешко да издадете деловен простор по очекувана цена. Откако Табернакул го напушти просторот на Рекорд, сопственикот на овој објект Мининстерството за култура, се соочува со проблем да најде профитабилен бизнис кој би се вселил во нивниот објект. Со цел да не се трупаат долгови (сметки за струја,вода, парно) во празниот објект, Коза Ностра дава неколку предлози за профитабилни бизниси кои можат да се вселат во култниот објект:

1. Кладилница. Објектот ги има сите предуслови за отворање кладилница. Прво, нема кладилници во близина, второ, во близина на објектот ги има сите логистички дејности (семкара, продавница, пекара и аптека) па стратешката поставеност на овој објект гарантира долгорочна заработка.

2. Казино. Исто како и погоре наведените аргументи, со тоа што мал недостаток е немањето паркинг.

3. Штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Иако постои опасност овој закупец да должи пари за кирија, сепак вреди да се проба, бидејќи ако ништо друго целиот објект ќе биде реновиран и ребрендиран.

4. Народна канцеларија на Претседателот на Р.М. Откако принудно ја иселија од Рекорд, граѓаните со нетпрение очекуваат повторно отворање на Канцеларијата која повторно ќе можат вешто да ја избегнуваат. Плаќањето на киријата ќе биде редовно но сепак постои мала опасност од пожари и исчезнување на инвентарот.