АВРМ: Социјалната помош ќе се намали за 10 отсто за да се...

АВРМ: Социјалната помош ќе се намали за 10 отсто за да се санираат штетите на Туарегот

3180
СПОДЕЛИ

avrm1

Агенцијата за вработување на Македонија соопшти дека социјалната помош за месец септември ќе биде намалена за 10 пороценти, бидејќи се соочувале со непредвидени трошоци кои настанале кон крајот на месец октомври.

„Како што целата јавност знае, имавме штета на еден од службените џипови, што изискува дополнителни парични средства кои за жал ги немаме. Затоа во духот на солидарноста, решивме наредниот месец да ја намалиме социјаната помош за десет отсто за сите нејзини корисници. Станува збор за симболични 200 или 250 денари бидејќи толку изнесуваат десет отсто од социјалната помош која се движи меѓу 2000 и 2500 денари, така што двесете денари и не е некоја пара. Што би рекол народот „за многу сме сиромашни не сме за двесте денари“. Веруваме дека едномесечното намалување на социјалната помош ќе е доволно да ги покрие трошоците. Во спротивно, намалувањето ќе продолжи и во следниот месец.“ соопштија од АВРМ.